еМагазин
Image default
Локално

Рачна бомба поставена кај кафуле во центарот на Прилеп

Отстранета е експлозивната направа – рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп. Полицијата почна да го ослободува просторот за нормално движење на граѓаните и одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа -рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата

Се чекаше да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.

Се уште нема подетална информација за оваа ситуација која ги вознемири и ги шокира прилепчани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отстранета рачната бомба која ги вознемири прилепчани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

49-годишен маж загина во сообраќајка на патот Маврово – Дебар, неговата сопруга е тешко повредена

Редакција

19-годишник пријавил физички напад од шест лица

Редакција

47-годишен маж убиен во Боговиње, убиецот фатен за 15 минути

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница