еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија согласно европските правила

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и дека е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси, јавува дописникот на МИА од Софија.

Радев изјави дека заедно со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на Македонија за да се избегне евентуална ликвидносна криза во зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјава.

Бугарскиот претседател изрази надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа, зависи од одлуката на европските институции, како и на Македонија да ги упатат соодветните барања, за што, вели, Бугарија веќе помага. Радев рече дека Бугарија веќе има формирано заедничка работна група со Македонија.

Преостанатите политички разговори меѓу двете земји, според Радев, се одвиваат во нормална атмосфера на меѓусебно почитување и пријателство.

Многу е важно во Македонија да се разбере, рече претседателот на Бугарија, дека спроведувањето на билатералните обврски треба да продолжи што е можно поскоро.

Тоа е гаранцијата за забрзување на европската интеграција за Македонија, рече Радев и потсети дека вистинските преговори за нејзино членство согласно преговарачката рамка не се започнати, а ќе почнат, кога земјата ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав.

Треба да се решат сите прашања што се одложуваат долги години. Неизбежен е разговорот за заедничката историја со Македонија.

-Очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на РС Македонија ослободена од идеологиите на минатото, вели бугарскиот претседател Румен Радев.

Во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избори, четврти во последните две години.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на угостителските услуги зголемени за 8,9%

Редакција

(Видео) Војна на улиците на Барселона

Редакција

Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница