еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев до Шолц: ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија

Во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Ова се неопходни услови кои Северна Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.

Како што јави дописникот на МИА, Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија.

Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ, истакнал Радев.

Тој, како што се неведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Северна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шолц од Софија: Македонија мора да ги исполни сите услови

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Охрид SOS“: Се замајува јавноста дека институциите активно работат на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО

Редакција

За три години, бројот на вработени во министерствата се зголемил за 540, а во општините за 154

Редакција

Судскиот совет не бил вклучен во измените на Кривичниот законик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница