еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Радев: Нема да кажеме „да“ се додека Македонија ја краде бугарската историја

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Самитот на лидери во Брисел изјави дека Софија не можела да каже „да“ за напредокот на Македонија кон ЕУ сѐ „додека не се увериме дека нашиот сосед нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“.

„Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска земја зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија“, јави агенцијата БТА.

Радев го смета за успех што Бугарија успеала во инсистирањето прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.

Радев призна дека тој и привремената влада биле под притисок да ја кренат блокадата:

„Последните месец и половина Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да се започнат преговорите за членство“.

Според него, Бугарија го издржала притисокот и немало да дозволат „да им ги виткаат рацете со лобирање, медиумски и политички притисок“.

„Не можеме да кажеме „да“ пред да видиме одржливи механизми за искоренување на искривениот наратив и намерниот однос кон Бугарија од учебниците, музеите, спомениците, до медиумите и државната политика.

Не можеме да кажеме „да“ додека не се увериме дека нашиот сосед нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, рече Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ продолжува да дозволува Бугарија да си игра мајтап и со неа и со Македонија и со регионот

Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се надоместуваат изгубените часови во училиштата каде имаше дојави за бомби, велат од МОН

Редакција

26 членки се држат како заложници од мали национални интереси на една земја која прави штета на целата ЕУ, смета германската амбасадорка Холштајн

Редакција

„Остана уште на Бонева да и се исплатат патни трошоци, унапред за 2019“: Твитер за долгот кон лозарите и отписот на долгови за струјата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница