еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев го предупредува Петков за Македонија

Колку повеќе бугарската Влада се придржува до официјалната бугарска позиција изнесена во документите усвоени од Народното собрание и на последниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност, толку повеќе Владата на Кирил Петков го слуша гласот на Бугарите во Бугарија и во Северна Македонија, смета бугарскиот претседател Румен Радев.

Шефот на бугарската држава ова денеска го изјави пред новинарите, откако бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот, го повика да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност на тема Северна Македонија.

Во врска со тоа дали има промени во позициите на европските партнери и дали има напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија, Радев истакна дека за овие прашања треба да чуе од премиерот.

Нагласи дека прво ќе го слушне ставот на Петков за Северна Македонија, но не прецизираше дали ќе свика седница на Советот.

-КСНС е орган за помош во дијалогот и за барање на заедничко решение за важни национални прашања. Во однос на Република Северна Македонија не само што има широк консензус, туку тој е силно изразен. Властите треба да се на чисто со ова. Доколку дијалогот во самата владејачка коалиција е нарушен, тоа треба јасно да се каже и да се посочат причините за тоа, рече Радев.

Тој изјави дека ќе продолжи да работи во насока на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија. Според Радев, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење.

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење пронајдена при контрола во камион и магацин

Редакција

СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор за уставните измени

Редакција

(Фото) Нема лабаво: Како Наоми Кембел се штити од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница