еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев на Мишел му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија

Интеграцијата на С.Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство, било во фокусот на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во С.Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа.

Радев, како што соопшти неговиот Кабинет, „го поздравил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската Унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми за да се земе предвид вистинскиот напредок на Северна Македонија во процесот на европска интеграција и да се запазат демократските норми и принципи на ЕУ“.

– Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои нема како да бидат проверени во деновите кои преостануваат до овомесечната седница на ЕУ, рекол Радев.

Радев имал телефонски разговор и со министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг, посветен на европската перспектива на С.едонија.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25 до 30% од средношколците во Македонија вршат врсничко насилство

Редакција

Мемеди му се налути на Заев, најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Редакција

Останувам на ставот за вакцинација со „АстраЗенека“, ќе се вакцинирам во април, вели Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница