еМагазин
Македонија

Радев за изјавата на Османи: „Крајно непримерно да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

Бугарија минатата година беше изложена на сериозен притисок во врска со стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но го издржавме тој притисок, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

– Мислам дека и јас и преодната Влада ги образложивме причините и ги објаснивме позициите на Бугарија и тие беа прифатени. Станува збор за почитување на човековите права и говорот на омраза, што е некомпатибилно со европските принципи, истакна Радев по полагањето на венец на Споменикот на непознатиот војник во Софија, по повод Денот на победата на фашизмот.

Според него, на притисокот може да се одолее доколку „се има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес“.

– Сепак, останува да се види дали Владата ќе го издржи притисокот, додаде Радев.

Запрашан за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека е веќе доста, бидејќи земјава направи се што можеше и не можеше да се направи, Радев само кусо одговори дека е „крајно непримерно да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последна шанса за да се спасат односите меѓу Македонија и Бугарија, да знаеме на што сме, не може повеќе вака, вели Османи

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Главоболки за ДИК: 1ТВ бара исплата на штета од 100.000 евра за необјавен ценовник

Редакција

Папазов беше на распит во Обвинителството, засега не е осомничен

Редакција

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница