Радио Кавадарци нема да емитува песни на пејачката Тамара Тодевска, откако таа на прием во амбасадата на САД, интонирајќи ја македонската химна го изостави делот со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
„Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку се уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци“, напиша на својот Фејсбук профил, сопственичката на радиото, Трајанка Митрова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни до 5.000 евра: Кога и како се изведува македонската државна химна?
Фото: Eurovision Song Contest