еМагазин
Image default
Локално

Раководителот го организирал грабежот во казиното во Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од општа надлежност-Дебар, во соработка со единицата за имотен и насилен криминалитет при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против З.Ф.(49) од дебарското село Коњаре и Н.Т.(45) од Дебар.

– На двете лица одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавените, казненото дело го сториле на 15 април оваа година околу 05 часот во казино „Стар“, лоцирано на улицата „8 септември“, во Дебар, кога, Н.Т. кој бил вработен и управител на казиното, со својот автомобил го донел З.Ф. пред објектот, изјави Стефан Димоски, портпрол на Сектоорт за внатрешни работи Охрид.

Според истрагата, З.Ф. влегол во казиното и со закана со пиштол одзел 500.000 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обид за убиство: Зет го застрелал таткото на невестата

Редакција

Жената од Кратово која го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа

Редакција

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница