еМагазин
Image default
Македонија

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ подготвува кривична пријава за Трипуновски, за неовластено снимање

Раководителот на подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Берово, Гоце Милошевски подготвува кривична пријава за дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски за неовластено снимање, пренесува „ТВ24“.

Тој се одлучил да ја бара правдата по судска постапка, бидејќи неговиот сегашен шеф Трипуносвки извршил грубо кршење на приватноста.

„Лично сметам дека со ваквиот пристап и начин на неовластено снимање и пренесување во медимуите има грубо кршење на нашата приватност. Јас сум уште потресен од вчерашниот настан, не знам која била целта со која намена направено. Ако сакаше да се грижи за земјоделците требаше да седне и да разговараме, проблемите постојат со години наназад, а со ваквиот начин и пристап нема да решиме ништо“, вели Милошевски.

Трипуновски ненајавено упадна во просториите на подрачната единица на МЗШВ во Берово и ги снимаше вработените на своите работни места, за да провери како и дали работат.

Дел од вработените се вознемирија пред камерата, а раководителот веднаш реагираше на снимањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирена реакција на вработените за снимањето на Трипуновски во подрачната единица на МЗШВ во Берово

ДЗЛП за „ТВ21“: Неовластено снимање, па дури и како мобинг може да се окарактеризира снимката на Трипуновски

Трипуновски: Не сум вршел мобинг, бидете подготвени на многу вакви контроли

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 21 нов случај на заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка: „Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мој последен“

Редакција

Обвинение против 28-годишен гостиварчанец кој преку Фејсбук се заканувал на Спасовски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница