еМагазин
Image default
Бизнис

Рамсторе Македонија: Има доволно залихи во нашите продавници, без паника

По повод денешната средба со министерот за економија, Крешник Бектеши, на која беа присутни сите преставници на поголемите маркети, Државниот инспекторат како и најголемите дистрибутери на храна, најпрвин во мое име и во името на Рамсторе Македонија сакам да искажам голема благодарност до министерот за економија Бектеши и до сите присутни на денешниот работен состанок кој помина многу продуктивно, порачува Ајхан Узун, генерален директор на Рамсторе Македонија ДОО.

„Најнапред ставајќи акцент пред се на здравјето на нашите потрошувачи, вработени и сите граѓани на Р.Северна Македонија, сакам да Ве известам дека водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници, применувајки строги правила за безбедност во нашите маркети согласно препораките од Министерството за здравство и Владата на Р.Северна Македонија.

Во моментов има доволно залихи во нашите продавници, а на денешната средба добивме потврда од нашите добавувачи дека нема никаков проблем со залихите. Цените на основните производи остануваат непроменети, а ќе се обидеме да ги држиме под контрола залихите на сите неопходни намирници за подолг временски период.

Од тука сакаме да упатиме порака до сите граѓани дека нема простор за паника во однос на залихите и услугите, бидејќи ситуацијата е под контрола, работиме координирано со почитување и применување на сите нови мерки предложени од Владата на Р.Северна Македонија“, вели Узун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Св-инвест“ го доби тендерот на ЕСМ за технолошко чистење вреден 959.000 евра

Редакција

Вработени во над 1.500 компании од Балканот се вакцинираа во Србија

Редакција

„Витаминка“ ја зголеми добивката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница