Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој половина месец е притвореник во затворот „Скопје“ во Шутка од приемното одделение, пред пет дена е преместен во друга ќелија, објави А1он.
Од затворот за порталот велат дека тој не е сместен со друго лице, со одобрение од судот.
Директорот Филип Андов за порталот вели дека Рашковски се храни со затворска храна, а го користел и правото на пратки со храна од надвор.
Тој бил изолиран од ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев, кои исто така издржуваат мерка притвор во затворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки