еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Распишан огласот за доделување 5.722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони, за одгледување стратешки култури

Владата на денешната седница го распиша наменскиот јавен оглас за доделување 5.722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Земјиштето ќе се дава исклучиво за одгледување стратешки култури: пченица, пченка, јачмен, сончоглед рж, ориз, маслодајна репка, добиточен грашок и тритикале.

Ќе се доделуваат, напомена министерот, 700 парцели од над три хектари.

Постапката за аплицирање ќе трае само 20 дена, а со јавното наддавање вкупно 30 дена.

-Ниту една обработлива површина не смее да остане незасадена. Храна мора да има, ќе го задржиме и ќе го зголемиме производството, ќе ја намалуваме зависноста од увоз, а цените ќе ги држиме на најниско можно ниво, рече Николовски.

Според него, на следните владини седници ќе следат и други огласи за останатото земјиште кое е на располагање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Субрата Рој, хотелскиот комплекс во Охрид никогаш не се изгради

Редакција

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Редакција

Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за работата на рестораните за претстојниот период на празници

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница