На најновата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавени се 1.937 должници – правни лица (повеќе за 3 од претходната листа) и 2.524 физички лица (повеќе за 115 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.6/2019 изнесува 8.945.217.255 денари, повеќе за 245.140.071 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.798.781.524 денари (повеќе за 229.551.387 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 146.435.731 денари (повеќе за 15.588.684 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бизнисмени и јавни и државни претпријатија на новата Листа на должници на УЈП
Нова листа на должници на УЈП: Проверете дали сте на неа