еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 24,7%: Царината лани наплатила 1,68 милијарди евра

Царинската управа ја завршила 2021 година со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет.

Наплатените приходи во 2021 година, како што информираат од Царинската управа, се поголеми за 24,7 отсто во однос на 2020 година, односно за 12,81 процент во однос на 2019 година.

-Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки, велат од Царинската управа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија од утре ќе извезува сончогледово масло во Албанија

Редакција

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција

Растот на домашната економија изнесува 2,3% на годишна основа, велат од Народна банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница