еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 29%: Извоз од 6,8 милијарди долари од јануари до октомври годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари-октомври годинава изнесува 6.816.423.000 долари и бележи пораст од 29 проценти на годишно ниво.

Вредноста на увeзената стока, во посочениот период, изнесува 9.302.587.000 долари, што е за 34,4  проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври годинава изнесува 2.486.164.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, делови за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот, пак, најмногу се застапени „други метали од платинската група и нивни легури“, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите десет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во мај

Редакција

Како работел Мермерен комбинат во првиот квартал

Редакција

На продажба уште три станови и гаража на Мијалков проценети на 330 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница