еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Расте невработеноста: Во вториот квартал изнесува 16,7 отсто

Стапката на невработеност од 16,7 отсто е евидентирана во вториот квартал од оваа година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бројот на невработени во овој квартал изнесува 159.623, додека бројот на вработени 793.416.

Активното население во земјата брои 953.039.

Стапката на активност во вториот квартал изнесува 56,5 отсто.

Објавените податоци укажуваат на зголемување на стапката на невработеност во однос на првиот квартал кога изнесуваше 16,2 отсто.

Во однос на крајот на 2019 и на вториот квартал 2019 година има намалување, кога се регистрирани 17,3, и 17,5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнеплатени професии: Можат само да сонуваат за просечна плата

Редакција

Најниски нето плати во декември

Редакција

Полицијата на помош за турканиците пред кумановскиот центар за социјални работи заради платежните картички

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница