еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Реџеп Таип Ердоган положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат.

„Се колнам во мојата чест и интегритет пред големата турска нација и историја дека ќе го зачувам постоењето и независноста на државата, дека ќе се придржувам до Уставот, владеењето на правото, демократијата, принципите и реформите на Ататурк и принципите на секуларната република“, рече Ердоган на церемонијата на инаугурација во Парламентот во Анкара.

Ердоган, кој е лидер со најдолго владеење во Турција, победи на неодамнешните претседателски избори.

Во вториот круг освои 52,2 отсто од гласовите и со тоа го победи противкандидатот Кемал Киличдароглу.

Инаугурацијата ќе биде проследена со церемонија во претседателската палата, на која ќе присуствуваат високи претставници од 78 земји и меѓународни организации.

Ердоган стана премиер во 2003 година, откако неговата Партија на правдата и развојот (АК) победи на изборите кон крајот на 2002 година, по најтешката економска криза во Турција од 1970-тите.

Тој стана првиот директно избран претседател на Турција во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, откако ги обезбеди новите извршни претседателски овластувања на референдумот во 2017 година.

МИА/Фото: Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги корегираат свечените изјави со уставното име на државата

Редакција

Усвоен Извештајот за Македонија: Европскиот парламент го одобрува притисокот што Бугарија го врши за да историјата се толкува на нивен начин

Редакција

Кина вршела притисок Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да не одат во Тајван

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница