еМагазин
Image default
Македонија

Реакции до Министерството за култура: Укинат единствениот стрип настан во Македонија

Стрип-центарот на Македонија од Велес јавно реагира до Министерството за култура затоа што меѓу проектите за финансирање не е и годинашниот 18-ти Стрип салон / стрип колонија.

Како што информираат од СЦМ-Велес, се работи за единствен стрип настан во нашата држава каде што се остварува комуникација помеѓу стрип автори од нашата и од други земји.

Според Ване Трајков, извршен директор на СЦМ-Велес, овој Салон низ историјата ги отвори вратите на нашите стрип автори запознавајќи ги со нивни колеги од странство.

„На меѓународнот стрип конкурс како дел од овој Салон се повеќе се афирмираат и автори од земјава. Почнувајќи од 2018 година, оваа активност делува и како интернационална стрип колонија – една од ретките од ваков обем на меѓународно ниво“, додава Трајков.

Потенцира дека активностите од овој Салон и стрип колонија се солидно медиумски покриени со што се врши афирмација на деветтата уметност.

„Затоа јавно го повикуваме Министерството за култура да изврши дополнување на донесената програма и 18. Меѓународен стрип салон/стрип колонија да биде финансиран“, бараат од СЦМ-Велес.

Стрип-центар на Македонија – Велес е застапен во Годишната програма за култура за 2020 преку проекти во издавачка дејност, библиотечна и интердисциплинарна дејност, како и категорија визуелна дејност.

МИА/Фото/Youtube/Joel Moritz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мјузикл за Есма Реџепова и песни за СК 2014: Кои музички проекти добија пари од програмата на Министерството за култура?

Револт кон Министерството за култура: За роман 90.000 денари, за патни трошоци на Мири и Силвани 12.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

Сите детали: Од денеска започна пријавувањето за вакцинирање во домашни услови

Редакција

Калајџиев за изборот на Абази: “Обвинителот што го “избраа” не го познавам, како што не ја познавав ни Катица“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница