еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ребаланс на Буџетот: Расходите зголемени на 3,95 милијарди евра, приходите намалени на 3,2 милијарди евра

Вкупните буџетски расходи со ребалансот за годинава ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на првичните проекции, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција.

Приходите со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП што, како што рече Ангеловска, е во линија на проекциите на Европската комисија.

Ребалансот има за цел опоравување и рестарт на економијата во услови на кризата предизвикана од корона вирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ребалансот на Буџетот помина на Влада: Предвидено е задолжување преку еврообрзници до 800 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Повеќе од 100.000 руски окупатори се наоѓаат на наша територија, подмолно пукаат врз станбени згради, вели Зеленски

Редакција

Во гаснењето на пожарот кај Сушево и Злеово, се вклучи и хеликоптер на МВР

Редакција

Убава вест: Повеќе оздравени од новозаболени од Ковид-19, вкупно 460

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница