еМагазин
Македонија

Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија

Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум. До вчера, како што соопшти Државната изборна комисија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање, сите преку веб апликацијата на ДИК, dijaspora.se​c.mk.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана и Торонто по 18, Канбера 15 ….Од пријавите, 127 се прифатени, а 124 се во обработка, информираат од ДИК.

Од Државната изборна комисија укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ констатира неправилности во јавната пропаганда за референдумот

Редакција

Нови 1.409 случаи на Ковид-19 од 3.824 тестови, 206 се реинфекции

Редакција

Новото уставно име може да биде внесено во учебниците уште во следната школска година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница