еМагазин
Image default
Македонија

Регистриран земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8, чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција, а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје соопштија дека земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала.

Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Собрани 500 потписи за иницијативата за референдумот, на потег е Собранието

Редакција

Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори

Редакција

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот „Доказ“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница