еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои почнаа судски процеси, кои траат веќе со години, а за кои има епилог, се бројат на прсти.

За развлекувањето на судењата за случаевите на СЈО има сериозни забелешки и од меѓународни институции, не само од македонската јавност и граѓаните кои долго чекаат правда.

Дополнително во меѓувреме по мислењето на Врховниот суд, стана неизвесна судбината на предметите кои СЈО ги отвори по законскиот рок, предвиден со постоечкиот Закон за СЈО, а по отварањето на случајот „Рекет“ од страна на Јавното обвинителство и неговата силна рефлексија врз цело СЈО, се доведува во прашање и судбината на предметите за кои се во тек судски процеси и кои се процесионирани во предвидениот рок.

Вчера одбраната во случајот на СЈО, “Титаник3„, побара изземање на шефицата на СЈО во заминување, Катица Јанева и нејзините колеги, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од предметот.

Барањето за изземање беше образложено со ставот дека тоа е поради последните случувања во СЈО и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски, по отварање на „Рекет“.

Јанева со решение го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски.

Пред неколку дена пак беше побарано изземање на Јанева и од друг случај на СЈО, „ТНТ“, каде таа е застапник на обвинението, заради сомнеж за поврзаност со случајот „Рекет“.

Нема да биде никакво изненадување вакви барања да има и во другите случаеви на СЈО, што дополнително ќе ги развлече судењата, а некои предмети можат да паднат како кула од карти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто до сега Боки 13 не бил на распит за “Рекет“?

Дали ќе стане осомничена или сведок: Катица Јанева конечно на распит за “Рекет“

Отплаќа три кредити: Каков имот пријавила специјалната обвинителка Катица Јанева која утре ќе сведочи за „Рекет„

Во СЈО фали уште да се „испотепаат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна изградбата на источното крило на железничкиот Коридор 8

Редакција

(Видео) Каролина се враќа на регионалниот пазар со нова песна „Мог живота дио“

Редакција

Подваријантата на омикрон – “стелт“ останува доминантна во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница