еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Реконструкцијата на Универзална сала ќе ја преземе Министерството за култура

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа на средба кај градоначалничката Данела Арсовска, изјави дека добиле согласност, за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура.

-Имаме комплетна согласност заеднички да работиме на тој проект, со тоа што Министерството за култура ќе ја преземе Универзална сала, изјави по средбата министерот Пенов.

Тој нагласи дека со Арсовска разговарале и за други проекти кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани како што се подземниот премин кај „Рамстор“ кој излегува кај „Нова Македонија“, мостот во Карпош на улица Љубљанска кон Момин Поток, како и мостот во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи, а кои заради значење за скопјани Владата е заинтересирана побрзо да профункционираат.

-За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска, изјави Пенов.

Од прес-службата на Град Скопје потврдија дека бил донесен заеднички заклучок во однос на Универзална сала дека треба да продолжи нејзината реконструкција како проект од поширок државен интерес.

Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно, стои во соопштението од одделението за односи со јавност на Град Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска трагикомедија: Ќе се најде ли јунак за дивоградбата кај Мавровка?

Редакција

Намалување од 13,4%: За една недела 6.867 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Од сосед украла полна чанта пари и ги закопала во нејзиниот двор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница