еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Реобјавен познатиот роман „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски

Во издание на Издавачки центар ТРИ деновиве излезе од печат познатиот роман „Небеска Тимјановна“ на македонскиот поет и раскажувач Петре М. Андреевски.

Овој роман се занимава со човечката димензија за време на војна, раскажан со гласот на Небеска Тимјановна, главниот женски лик и водечка сила во романот. Таа е карактер кој жилаво се бори против окупаторот и се издигнува до архетип на храброста. Фигура која пренесува трајна вредност за тоа што значи да се биде жена и мајка во македонската книжевност.

Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признат во и преку јазикот. Преку визуелен приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет.

Петре Мито Андреевски е роден во Слоештица, Демирхисарско, во јуни 1934, а почина во Скопје, во 2006. Тој е еден од најпознатите и најдаровити македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни и стихови се втемелени во нашата книжевност и претставуваат стожер на македонскиот јазик и култура.

Негови позначајни дела се поетските книги „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Дениција“, збирките раскази „Седмиот ден“, „Сите лица на смртта“, како и романите „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Една година Ист Гејт Мол: 1001 причина да го посетите

Редакција

(Фото) Кроација осигурување започнува акција за збогатување на книжевниот фонд на училишните бибилиотеки

Редакција

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен Крст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница