еМагазин
Image default
Бизнис

„Реплек фарм“ секоје година во Русија го зголемува извозот за 10 до 15 отсто

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин заедно со Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во амбасадата и во придружба на Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора денес ја посетија фармацевтската компанија „Реплек фарм“ во Скопје.

Во разговорите со генерален манеџар на компанијата Иван Туџаров, и неговите соработници, беше потенцирана одличната соработка на „Реплек Фарм“ со четрите руски партнери, кои пласираат 20 видови на лекови произведени  во земјава и лиценцирани за продажба на рускиот пазар.

– Во процес на лиценцирање се наоѓаат уште девет производи кои наскоро ќе се најдат во руските аптеки. Законскиот рок за лиценцирање се движи помеѓу една до две години, но понекогаш тој рок е и подолг.Таквата состојба  го успорува извозот на компанијата на овој пазар, кој ни е најзначаен во нашата делова стратегија. Ние четири-петтини од производството го пласираме на странските пазари, лековите патуваат во 26 земји, а најголем дел од извозот го релизираме токму во Руската Федерација и во земјите од Евроазиската Унија – рече Туџаров.

„Реплек Фарм“ секоја година го зголемува пласманот во Руската Федерација од 10 до 15 отсто и постојано се грижи да ги исполни строгите услови и стандарди за извозот во оваа земја.

– Во рамки на нашите надлежности, ќе се обидеме да и помогнеме на компанијата  во процесот на регистрацијата да се почитуваа законски предвидениот рок и норми во Руската Федерација со цел да се одржува и зголемува нејзиниот пласман на лекови, а на задовоство на нашите граѓани – порача  Баздникин.

Фото: Македонско-руска стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тојота авто центар“ го доби тендерот на Државниот завод за статистика за набавка на автомобил вреден 17.300 евра

Редакција

Народна банка: Со одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка, престануваат нашите надлежности

Редакција

Нема да се зголемуваат цените на патарините

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница