еМагазин
Бизнис

Реплек за шест месеци со добивка од 58,1 милиони денари

Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година на Реплек АД Скопје изнесува 58.192 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Оперативните приходи изнесуваат 495.023 илјади денари и се зголемени за 5%, а оперативните расходи изнесуваат 421.373 илјади денари и бележат зголемување за 2% во однос на истиот период претходната година.

Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 56% во вкупните приходи од продажба (2017: 57%) и имаат зголемување од 2% во однос на истиот период минатата година.

Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 44% во вкупните приходи од продажба (2017: 43%) и имаат зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 57.890 илјади денари“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

Редакција

ЕСМ склучи договор со Факом, вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Сите детали: Платежни картички од Владата за граѓаните во периодот јуни-јули

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница