еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

Ретка видео-снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев

Гоце Делчев, еден од најголемите македонски визионери, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење загина на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе. Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.

Три години подоцна, моштите се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија.

Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје, каде почиваат и денеска во дворот на црквата Свети Спас.

Видео/Фото:Youtube/Mungos/Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор

Редакција

Најмладото на 39 години: Од Ковид-19 починаа 7 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница