еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, трета доза примиле 63.137

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, аплицирани се вкупно 1.675.793 дози вакцини.

Вакцинирани се вкупно 822.751 граѓани, ревакцинирани 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. Педесет и седум проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 како прва доза, 1 163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција

Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот

Редакција

Сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со корона вирусот ќе добијат финансиска поддршка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница