еМагазин
Македонија

Ревакцинирани 48% од полнолетните, трета доза примиле 58.132 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, а 1.732 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 192 оздравени од Ковид-19

Редакција

Повеќе од 3.000 матуранти биле фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Редакција

Во првите осум дена попишани вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница