еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани се вкупно 220.884 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани, а преку vakcinacija.mk досега за вакцинирање се пријавиле 469.212 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

“Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

Со последните бројки, 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 проценти од жителите над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 43 отсто од граѓаните над 60 години примиле барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 469 казни за неносење маска

Редакција

Бугарите да влезат како државотворен народ во македонскиот Уставот, не како малцинство, бара Бугарија

Редакција

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница