еМагазин
Image default
Бизнис

Ревизорите открија слабости кај Фондот за здравствено осигурување во однос на лекувањето во странство

Слабости на постапките за лекување во странство откриле државните ревизори по контролата на работењето на Фондот за здравствено осигурување.

Ревизорите констатираат дека поради специфичноста и сензитивноста на постапката во случаите за упатување на лекување во странство често се надминува законскиот рок од 45 дена за нивно решавање поради барањето дополнителна документација за одлучување на комисиите и други причини.

Тоа го одолговлекува упатувањето на лекувањето во странство, а со тое се влијае и на успешноста на лекувањето и предизвикување поголеми буџетски трошоци.

Дополнително, ревизорите укажуваат дека сегашните процедури не озвоможуваат второстепеност на постапката и соодветна правна заштита доколку барателот за лекување во странство е одбиен или незадоволен од донесените решенија.

Од Државниот завод за ревизија (ДЗР) потенцираат дека се потребни законски измени за да се решат овие прашања.

Целиот извештај ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членовите на Одборот на директори на „Хотели Метропол“?

Редакција

Млекара Здравје Радово: Предизвиците компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време

Редакција

Странските инвеститори „бегаат“ од Македонската берза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница