еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

РКЕ: Денеска нема предуслови за да се корегираат цените на горивата, цените остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати.

Како што велат од РКЕ, денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.

Со тоа денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98  за 88,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 88, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.

Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара.

За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. Со оглед дека за викенд нема тргување на берзата се разгледува просекот од цената на секој нафтен дериват посебно што ја имал од понеделникот заклучно со петокот минатата недела. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГТЦ ја зголеми добивката

Редакција

„Принцот“ го издрибла владиниот протокол: Денот кога Заев стана колега со Памела Андерсон

Редакција

Каков имот пријавил Астрит Исеини, заменик министер за внатрешни работи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница