еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Роби „Телекабел“: 23 години постојан раст во држава како Македонија, значат и години на немир, проблеми, притисоци, закани

Основачот на „Телекабел“ кој е еден од трите најголеми оператори, а единствен оператор со 100% домашен капитал, Роберт Димитров – Роби на својот Фејсбук профил се осврна на изминатите 23 години работење на македонскиот пазар и постојан раст.

„ 23 години постојан раст во држава како Македонија значат и години на немир, проблеми, притисоци, закани. Секојдневна борба со ајкули во немирното море од недоречени закони, корумпирани институции, исфрустрирани поединци на челни позиции, смешни функционери кои преку функцијата лечат комплекси врз успешните луѓе.

Сепак побројни се убавите моменти и за тие ќе говориме секогаш – среќата за секој нов приклучен корисник, очекувањата од стартот на секоја нова услуга, признанијата кои се редат секоја година: 3 пати Супер бренд, 5 пати Стубренд, 3 пати Best bay Awards, 12 години во листата на најуспешни компании во Македонија, бројни признанија и благодарници за општествено одговорна компанија“, вели Димитров.

После 23 години Телекабел, лично тој за свој најголем успех го смета тоа што останал нормален човек на кој сите проблеми, притисоци, пороци и пари не му се скршиле од глава.

„Уште се радувам на мали нешта, уште ме прави среќен среќата на другите луѓе. Не дозволив неправдите да ме скршат. Уште правам и секогаш ќе правам само добри дела. Бидејќи тие го красат човекот. Посакувам младите луѓе да го следат примерот на „Телекабел“. Животот е борба, а ако имаш добра мисла, ако напорно работиш и имаш вистински луѓе покрај себе за кои ќе се грижиш и ги почитуваш, таа борба секогаш ќе заврши со победа“, вели меѓудругото Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Телекабел“ прослави 23 години работа на македонскиот пазар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонски Телеком ја претстави новогодишната кампања со порака за пријателство и толеранција

Редакција

Пендаровски: Прашањето на опозицијата за референдумот е практично да го прекинеме европскиот пат

Редакција

Иванов нема да гласа: За референдумот за името ќе биде во Њујорк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница