еМагазин
Image default
Македонија

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето за случајот „Маџар телеком“ за 29 јануари, за кога треба да биде обезбеден сведокот Слободан Богоевски.

Случајот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска продолжуваат и судењата за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип и Свети Николе со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Мицкоски: Јанева ме уценуваше за да ми го одмрзне имотот, но и други пратеници беа „предмет на обработка“

Редакција

(Видео) Делото застарува за 4 месеци: Мијалков спроведен во Кривичен за „Титаник 2“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница