еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Романија испраќа во Македонија авион за гаснење пожари со голем капацитет

По писмено барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите, Романија донесе одлука да испрати авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана.

– Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка, се вели во писмото што министерката Шекеринска го испрати до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Северна Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Македонија за пожарите стигнаа помош и од Австрија

(Фото) Словенија испраќа 16 противпoжарни возила и 46 пожарникари

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

СЗО: Омикрон е регистриран во 57 земји, потребни се повеќе податоци за да се види, дали се намалува заштитата од вакцините

Редакција

Каков имот пријавил Башким Асани, разрешениот заменик министер за одбрана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница