еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот.

Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори.

Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата “Еуро Консалт Плус”, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, велат од таму.

Доседашните потпретседатели Горан Ѓорѓиевски, Орце Симов, Сашо Дукоски, Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Редакција

Прва регионална конференција на професионални сметководители: Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница