еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ротари клубот „Кочани – Виница“ донираше нови кревети за локалните болници во вредност од над 100.000 евра

Болниците во Виница и Кочани добија нови автоматизирани болнички кревети од реномираната компанија од САД „HIL ROM“. Донацијата ја обезбеди Ротари клубот „Кочани – Виница“, а преку Владимир Лазаров, по потекло од Виница, кој работи во болницата „Краишклиник“ (Kreisklinik) од Еберсберг, Германија, од каде доаѓа и донацијата. Вредноста на донацијата е над 100.000 евра.

„Ротари клубот ‘Кочани-Виница’, преку своите активности постојано се стреми да помага и да придонесе за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. Ние покажуваме дека можеме и преку сопствен ангажман да поттикнеме развој и да дадеме свој придонес.

Токму оваа донација е пример за тоа и искрено се надевам дека на овој начин ќе поттикнеме и други граѓани и организации да се активираат и да дадат свој придонес за да создадеме подобро место за живеење за сите нас“, истакна Јован Попов, претседател на Ротари клубот ‘Кочани-Виница’.

Новите современи болнички кревети ќе бидат распределени согласно потребите на болниците од Виница и Кочани, и тоа 40 во Кочани и 10 во Виница, со што значително ќе се подигне квалитетот на здравствената услуга и ќе се олесни престојот на пациентите во овие здравствени установи.

„Оваа донација е од исклучително значење за подобрување на состојбите во јавните здравствени установи. Навистина ми е драго што има и вакви и иницијативи што сакаат преку личен ангажман да дадат придонес за подигнување на квалитетот на здравствените услуги. Ние и понатаму ќе се залагаме за квалитетно јавно здравство“, истакна Венко Данчев, директор на Здравствениот дом Виница.

Покрај Ротари клубот „Кочани – Виница“, во логистиката за реализација на оваа донација се влучи и општинската организација на Црвениот крст од Виница.

Преку повеќе од 110 години ротаријанците од цел свет се ангажираат и инспирираат за светот да биде подобро место за живеење. Активностите се спроведуваат преку 35.000 Ротари клубови ширум светот, од кои 20 клубови кај нас, кои делуваат во различни области во насока на исполнување на целите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова донација за 19-годишнината на Адора инженеринг: Автоматски хематолошки анализатор во Здравствениот дом во Радовиш

Редакција

На 18-19 мај прв фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!

Редакција

dm дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница