еМагазин
Свет

Русија ја регистрираше „Ковивак“, трета вакцина против Ковид-19

Руското Министерство за здравство ја регистрираше третата вакцина против коронавирусот– „Ковивак“, која е произведена од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунолошки препарати „М.П.Чумаков“.

Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека првите 120.000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во употреба кон средината на следниот месец.

Центарот „М.П.Чумаков“ планира својата вакцина да ја понуди и на меѓународниот пазар.

Ковивак е вакцина врз основа на цел вирус. Такви препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во состојба на предизвикаат болест или веќе уништени вируси.

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против Ковид-19: вакцината Спутник В која е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја пру руското Министерство за здравство, и вакцината Епивак развиена од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор. 

МИА/Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД

Редакција

Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не бара помош од Кина, велат од Кремљ

Редакција

(Видео) Три земји од Африка, Нигер, Мали и Буркина Фасо, формираа бебедносен сојуз

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница