еМагазин
Image default
Македонија

Русија: Договорот од Преспа предизвика дополнителен раскол во двете земји

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска излезе со став дека договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не се потпира на широк консензус.

Таа на својот Твитер налог објави дека договорот наместо да предизвика обединување, предизвикува раскол во двете земји.

– Решението за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија, објави Захарова на Твитер.

Захарова минатата недела изјави дека стремежот на НАТО механички да се прошири во Европа не може да ја зацврсти безбедноста, а форсираното вовлекување на Македонија во тој воен блок, само потврдува дека „политиката на отворени врати“ станува самата на себе цел.

Таа тогаш на брифингот за новинарите во Москва меѓудругото рече дека форсираното вовлекување на Македонија во НАТО претставува инструмент за освојување на геополитички простор.

– Станува збор, всушност, само за едно – за постигнување воена предност, изјави Захарова на 12 јули, кога Македонија и официјално доби покана за членство во НАТО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ против менување на името на црквата и на државата

Редакција

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон

Редакција

Мијалков ги дал насоките за ништење на системите за прислушување во УБК, рече на судењето за „Таргет-Тврдина“ обвинителката Ристоска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница