еМагазин
Image default
Македонија

Русија најави дека Советот за безбедност на ОН ќе го разгледува можниот конечен договор за името на Македонијa

Русија повторно најави дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе го разгледа можниот конечен договор за името на Македонијa, во јавноста познат како договорот од Преспа.

“Дијалогoт и евентуалниот конечен договор, во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН„, објави на официјалниот Твитер-профил Мисијата на Русија во ОБСЕ.

Од Мисијата на Русија во ОБСЕ очекуваат: „прашањето за државното име на Македонија да се реши без притисок однадвор и во вештачки услови и тоа решение треба да се заснова на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правото“.

“Убедени сме дека обидите да се наметнат надворешни императиви на граѓаните на Македонија само ја влошуваат поделбата на македонското општеството.

Прогонството на оние што не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивира. Продолжува невидениот притисок и врз претседателот на земјата, а се појавија и информации за тоа дека неговите телефони од канцеларијата се прислушувани.

Јавната доверба во силата на институциите и во демократските процедури е сериозно нарушена во Македонија. Референдумот, како алатка на законодавниот дом, беше дискредитиран.

Интервенциите на западните земји во внатрешните работи на Македонија предизвикаа рецидив на акутна политичка криза во земјата, која не е надмината повеќе од три години“, велат од Мисијата на Русија во ОБСЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По апсењето на македонскиот дипломат, Османи најави ветинг

Редакција

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Редакција

Ковачевски не одговори дали е прифатлив предлогот на дел од албанските партии албанскиот да стане рамноправен со македонскиот јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница