еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија обвинува дека Украина одолговлекува со одговорот за место за средба за мировните преговори

Кремљ денеска соопшти дека на Украина ѝ биле предложени преговори во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов одолговлекува со одговорот, откако претходно побарала средбата да се одржи во Варшава.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека има прекин во комуникацијата, бидејќи Украинците прават „долга пауза“.

За време на паузата, украинските националисти, вели тој, распоредиле ракетни системи во поголемите градски области. Песков не достави докази за да го поткрепи тврдењето, но смета дека тоа е многу опасен развој на настаните.

Украинските власти сѐ уште не ја коментираат изјавата на портпаролот на Кремљ.

Претходно денеска Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација од претставници на Министерството за надворешни работи и за одбрана во белорускиот главен град Минск на разговори со претставници на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина понуди, Русија прифати мировни преговори

Украина тврди: 2.800 руски војници се „изгубени“, уништени се 500 воени возила, 80 тенкови и 10 авиони

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Инфлацијата во декември 4,4%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница