еМагазин
Свет

Русија почнува судски процедури против „Твитер“ и против „Фејсбук“

Рускиот државен регулатор во сферета на комуникациите Роскомнадзор соопшти дека почнале судски процес проти американските интернет компании Твитер и Фејсбук. Тие се обвинети за непочитување закони со кои се бара лични податоци на руски корисници на социјалните мрежи да бидат чувани на сервери во Русија.

„Тие компании претставија само формални одговори на нашите барања да ја потврдат локацијата на личните податоци на руските корисници во Русија. Во нив нема конкретни податоци за фактичното извршување на законите до овој момент, ниту рокови за извршувањето на тие барања во иднина“, се вели во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невидени поплави во пустините на Саудиска Арабија

Редакција

(Видео) Демолиран ресторан на Мекдоналдс во Истанбул, откако компанијата реши да им дели бесплатни оброци на израелските војници

Редакција

Чесите јавно ќе го следат судењето на поранешниот премиер Бабиш, 80 бесплатни билети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница