еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија предупредува: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

– Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена, истакна Песков.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите членки на ЕУ не се едногласни за ембарго на руската нафта

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишана потерница за Владимир Панчевски, се проверува дали ја напуштил државата

Редакција

(Видео) Тешка сообраќајка на Партизанска, остатоци од автомобил под мостот Влајко

Редакција

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница