еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија регистрираше спреј против Ковид-19: Пациентите оздравуваат за само осум дена

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин“ за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирусот, соопшти денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата интернет страница.

„Лекот во спреј „Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот“, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс.

Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек.

„Лајтрагин“ е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува Ковид-19.

За време на клиничкото тестирање меѓу 320 пациенти со средни симптоми на Ковид-19 немало смртни, ниту посериозни случаи.

Пациентите кои земале „Лајтрагин“ заздравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена, наведено е во клиничките тестирања.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Македонската преговарачка позиција е ослабена, ние направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто

Редакција

(Фото) Голема заинтересираност во првата недела од отворањето на Ист Гејт Мол

Редакција

Пациентите со цистична фиброза побара државата веднаш да обезбеди средства за терапија за болеста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница