еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија се враќа во договорот за извоз на жито

Русија ќе го продолжи нејзиното учество во црноморскиот договор за житото, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

„Руската Федерација смета дека добиените гаранции во моментов изгледаат доволни и продолжува со спроведувањето на договорот – Иницијативата за безбеден транспорт на жито и храна од пристаништата на Украина („Црноморската иницијатива“), суспендиран по терористичкиот напад во Севастопол“, се вели во соопштението на Министерството.

Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.

Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот, откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим.

Според Москва, нападите биле извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито. Од друга страна, Украина тврдеше дека Русија користи лажен изговор за да не го спроведе договорот.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминот Б12 може да го запре размножувањето на коронавирусот

Редакција

(Фото) Руши рекорди во посетеност, но има и зошто: Пештерата Стопич на Златибор и нејзиниот „автохтон вид“ на водич

Силвана Жежова

Црногорската полиција демантира дека во дискотека бил нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница