еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија станува сопственик на украинската нуклеарка Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин со указ нареди преземање на украинската нуклеарна централа Запорожје и впишување во сопствеништво на Руската Федерација.

Најголемата централа во Украина со месеци е под окупација на руската војска, а украинската настојува да ја поттисне.

„Владата на Руската Федерација треба да обезбеди нуклеарниот објект на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности, да бидат примени во федералното сопствеништво”, се наведува во указот, јави руската новинска агенција Тасс.

Указот доаѓа во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија, со цел да разговара за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје.

„На пат сум кон Киев поради важни состаноци. Потребата за заштитна зона околу централата е поитна од кога било”, напиша Гроси на Твитер, додека Русија формално го присвои објектот.

Руската атомска компанија „Росенергоатом” соопшти дека Руската Федерација ќе биде сопственик на целиот комплекс на централата Запорожје. Таа најави и подготвеност за посетата на Гроси, наведува Тасс.

Претходно шефот на украинската атомска агенција „Енергоатом” информираше дека го презема управувањето со нуклеарната централа, чиј директор изминатите денови беше киднапиран, па потоа ослободен од страна на руските сили.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Го испроба лично Ердоган: Турција го престави првиот домашен електричен автомобил

Редакција

Фактот што пристапните преговори не можат целосно да започнат додека не се смени Уставот е голем товар за Македонија, вели министерката за ЕУ на Австрија, Едштадлер

Редакција

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница