еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол

Руските сили почнаа со гранатирање на фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за да заземат позиции, објави денеска агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

„Прогласен е прекин на огнот, цивилите мораа да бидат евакуирани од територијата на „Азовстал“. Тоа го искористија војниците на Азов и Украина, кои се стационирани во фабриката. Тие излегоа од подрумот, зазедоа позиции на територијата и во зградата на фабриката“, наведува руската агенција.

Според Министерството за одбрана, сега единиците на руската армија и на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), користејќи артилерија и авијација, почнуваат да ги уништуваат тие воени позиции.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи на самопрогласената ДНР вчера објави дека украинската страна го прекинала примирјето во челичарницата „Азовстал“ и почнала да гранатира од своите позиции кон територијата на фабриката.

Режимот за прекин на огнот е воведен претходно, поради што неколку стотици цивили успеаја да се евакуираат од територијата околу „Азовстал“ и околните области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не сме виделе сонце со недели, не можете да замислете низ што се поминавме“: Евакуирани стотици цивили од фабриката Азовстал

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложена седницата на Судски совет на која требаше да се избере наследник на Весна Дамева

Редакција

(Видео) Интернет преплавен со вознемирувачки снимки со Џастин Бибер и Диди

Редакција

Убава вест: 320 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница