еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Меѓу приведените во акцијата во Грчец засега нема и полицајци

Aкцијата во Грчец и во други делови во Скопје има за цел сузбивање на трговија со дрога. Приведени се 21 лице, меѓу кои нема полициски службеници, а од понеделник ќе биде спроведена и финансиска истрага, изјави денеска шефицата на Основното јавното обвинителството (ОЈО) за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Прашана дали меѓу осомничените и приведените има и полицајци, Русковска, рече дека досега нема полициски службеници, но ќе се вршат вештачења на одземените телефони и доколку се најде комуникација, сигурно ќе бидат осомничени и овластени службени лица.

Предметот, појасни таа, е започнат и го воделе обвинители заедно со истражители од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

– Собирваме година дена докази. Се спроведуваа посебни истражни мерки и тоа слушање на телефонски комуникации, како и следење. Моментно се приведени 21 лице.

Се наоѓаат во повеќе полициски станици, но колку што сум информирана по одредени лица се уште се трага, изјави Русковска.

Имаме докази, рече таа, дека овие приведени лица сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги и прекурсори.

– Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага. Се плашевме да не ни се пробие целата акција, но од понеделник ќе почне и финансиска истрага, изјави Русковска.

Таа нагласи, дека некаде се уште траат претресите и дека се надева оти утре ќе биде организирана прес-конференција со повеќе детали за акцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ приведени 21 лице, запленети дрога, пари, автомобили…

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел веќе не прекрсти во Северна Македонија

Редакција

МВР го демантира Мицкоски дека полицијата не била присутна при инцидентот кај споменикот „Скендербег“

Редакција

Мицкоски му одговори на Заев од кревет на Инфективна: Од мене ќе се спасите ако не се разбудам утре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница