еМагазин
Image default
Македонија

Русковска по објавата на „бомбите„: Димишков не беше обвинет бидејќи немаше докази

Во изјава за Фокус, обвинителката Вилма Русковска, по објавата на новите нелегално снимени разговори, во кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, вели дека тој не бил обвинет во случајот „Рекет“, бидејќи немало докази.

„За него немаше реални докази, затоа и никогаш не беше обвинет. Тој се појави во судница, но како сведок повикан од одбраната на Бојан Јовановски, вели Русковска.

Димишков сведочеше дека Орце Камчев сакал да го ангажира како адвокат во неговиот тим на одбрана, а откако Камчев завршил во притвор, средби со него за да го ангажираат барале, сопругата на Камчев, Ана и осудениот во овој случај Зоран Милески – Кичеец.

Димишков се среќавал со нив, но на крајот одлучил да им даде понуда која нема да можат да ја прифатат.

“Јас сметав и сметам дека тие сакаа да ме искористат, да ме ангажираат како бранител, бидејќи  доколку ме ангажираат, во тој случај судијата на претходна постапка, мојата сестра, која постапуваше, по сила на закон ќе биде изземена од предметот.

Анализирајќи ги разговорите со Камчева и Милески, проценив дека не би требало да прифатам да бидам бранител во предметот. Кога се јави Милески му кажав сума која за нив нема да биде прифатлива. Откако му ја кажав сумата, ниту некој ми се јави, ниту ме побара“, рече Димишков во сведочењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не ни требаат нови „бомби“, одамна знаеме кој е кој во македонската политика

„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Редакција

Кривична за Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот од Левица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница